Следната сезона Јувентус во своите редови ќе го има Жоао Феликс. Според информациите, трансферот го одобрил и Кристијано Роналдо и со тоа му ја отворил вратата на својот сонародник кој моментално игра во Бенфика. Жоао Феликс може да се пофали со одлично одиграна сезона во дресот на португалскиот прволигаш.
Иако Феликс има само 19 години, настапил веќе 39 пати со својот тим, при тоа постигнувајќи 18 гола и 9 асистенции.
Овој португалски фудбалер беше на листата на интереси и на Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед, но според информациите, речиси сигурно кариерата ќе ја продолжи во Јувентус.
Бенфика за Феликс бара 70 милиони евра, но не се исклучува и веројатноста дека ќе го препушти и за 10 милиони помалку.