Спорт

Новак Ѓоковиќ по третпат го освои US Open

 

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по третпат во неговата кариера ја освои титулата на Отвореното првенство на САД во Њујорк, откако во финалето го победи Аргентинецот Хуан Мартин дел Порто по три сета 6:3, 7:6 и 6:3.

Ѓоковиќ ја освои 14-тата Гренд Слем титула во кариерата и со тоа се изедначи со неговиот идол Пит Сампрас.

Мечот се одигра на покриениот стадион “Артур Еш” заради дождот во Њу Јорк и траеше 3 часа и 17 минути.

Претходно, во 2011 година Ѓоковиќ во финалето го победи Шпанецот Рафаел Надал, а во 2015 година беше подобар од Швајцарецот Роџер Федерер. Ова е 71 титула за српскиот тенисер кој исто така го поправи и пласманот на АТП листата.

Дел Порто до сега има освоено една Гренд Слем титула, и тоа на US Open во 2009 година, и до сега во кариерата има освоено вкупно 22 титули.

 

Слични написи

Кошаркарите на Македонија ја совладаа Албанија

admin

Роналдо купи медиумска компанија која ја тужеше 11 пати

dart

Мариjано Дијаз е новата „седумка” на Реал Мадрид

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.