Select Page

Новак Ѓоковиќ вели дека сака ја достигне најдобрата верзија од себе

Новак Ѓоковиќ вели дека сака ја достигне најдобрата верзија од себе
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ изјави дека се обидува да открие како да стане најдобрата верзија од себе, а исто така откри дека му се восхитува на Никола Тесла и неговиот животен стил. Ѓоковиќ повторно одговори на прашањето за пандемијата на коронавирус, но овој пат беше многу поумерено и рече дека ја разгледува целата светска состојба. „Во моментот има многу неизвесност и страв. Постои паника и тоа е нормално ако ги следите вестите и видите колку луѓе се заразени. Луѓето се во карантин и знам дека не е лесно да се справите со сето ова, но сепак треба да гледаме на позитивната страна. Можеме да поминеме квалитетно време со семејството и да размислиме што би можеле да правиме во иднина“. Српскиот тенисер подоцна истакна дека e предизвик да учиме за нас самите и да истражиме како максимално да го искористиме нашиот ум, емоции и да работиме на телото. „Го чувствувам предизвикот да учам за себе, да истражувам како функционираат нашите умови, емоции. Како влијаеме едни на други, зошто сме тука, кои сме, што ќе биде кога ќе ги напуштиме нашите тела. Ми се допаѓа да размислувам за тоа, а клучот е во тоа да имаме отворен ум“, открива Ѓоковиќ. Ѓоковиќ посочи дека многу учи од децата како да го живее животот во моментот и како да им простува на луѓето. „За мене, тенисот е арена каде сè излегува на виделина. Ме предизвикуваат илјадници нешта и сфаќам дека имам многу работа за да ја постигнам мојата идеална верзија. Овој спорт е одлична платформа за мене за да напредувам“, рече Ѓоковиќ и додаде: „Му се восхитувам на Никола Тесла, тој сфатил дека треба да се свртиме кон себе и да живееме живот во хармонија“.

Наши пријатели

Патување низ времето

Follow Us

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.