Автомобилизам

Нисан го претстави новиот подобрен модел 370 Z Project Clubsport 23

На овогодинешниот Саем на автомобили во Лас Вегас, Невада, Нисан, покрај другите новитети го претстави и новиот и подобрен 370 Z со 400 ks.

370 Z Project Clubsport 23 претставува перфектно изработен автомобил, со врвни компоненти кои се позајмени од полиците на Nissan Motorsport и на нивните долгогодишни соработници.

Како основа за доработката е земен основниот модел Nissan 370 Z NISMO. Неговиот атмосферски 3,7 V6 литарски мотор со 350 ks за проектот е заменет со нов 3 литарски V6 biturbo кој на задните тркала испорачува 400 ks.

Промените не застанаа само кај моторот. Воведени се нови елементи на бесење, подобрен управувачки систем, подобрен систем за кочење, тркала од 18 инчи. Во кабината е поставен и заштитен кафез, а ентериерот е обложен со кожа во стилот на легендарниот претходник Datsun 240 Z.

Комплетната слика на новиот 370 Z Project Clubsport 23 е дека е врвно возило, со врвни перформанси и топ изглед.

Слични написи

Jaguar F-type Rally Concept

admin

Technoimpulse Rocket Z од Русија

Biba

Тојота и Субару подготвуваат хечбек за 2022 година

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.