Долго време креаторите на познатата игра од деведесеттите “Mario Kart” најавуваа верзии и за другите платформи, и оваа година тоа дефинитивно ќе се оствари. Точниот датум сè уште не е познат, но се верува дека тоа ќе биде многу брзо и се очекува играта да ги сруши сите поранешни рекорди.
Првата верзија на “Mario Kart” е објавена во 1992 година со назив “Super Mario Kart” и беше игра што рушеше рекорди. Четири години подоцна се појави наследникот со име “Mario Kart 64” која постигна уште поголем успех од претходната и беше продадена во повеќе од 10 милиони копии.
Од Нинтендо најавуваат верзии за андроид и IOS и очекуваат со тоа да ги срушат рекордите кои ги постигнаа другите игри на Google Play и AppStore.
“Програмирањето на играта е во завршна фаза, очекуваме одлични реакции од фановите и се надеваме дека многу брзо играта ќе биде достапна за симнување”, изјавија од Нинтендо.