Спорт

Никола Карабатиќ заради операција ќе го пропушти СП во ракомет следната година

Заради итна операција на левото стапало ракометарот на францускиот ПСЖ Никола Карабатиќ, на СП следната година во јануари нема да биде во можност да настапи за француската ракометна репрезентација. Откако ќе го оперира стапалото ќе му бидат потребни минимум 6 месеци закрепнување за да биде способен да игра.

Ракометарот на ПСЖ има проблеми со девијација на палецот на левото стапало уште од декември 2016 година.

Никола Карабатиќ со француската ракометна репрезентација освои два олимписки титули, четири титулии на светски прваци и три титули на европски прваци. Тоа ќе биде негово прво натпреварување кое ќе го пропушти со француската репрезентација, но поради сериозноста на повредата беше принуден да паузира. Дури, ако решеше да продолжи, повредата можеше да доведе до прекин на неговата кариера.

Оваа операција, покрај француската репрезентација, ќе го погоди и неговиот матичен клуб ПСЖ, кој оваа година претендира за освојување на Лигата на шампиони, откако три години по ред не успеваше во тоа.

Слични написи

Зидан реши да го објасни проблемот со Герет Бејл

Biba

Ибрахимовиќ со трето полувреме на натпреварот помеѓу LA Galaxy и Real Salt Lake

Biba

Реал Мадрид e повторно најбогат фудбалски клуб на светот

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.