Забава

Несекојдневниот хотел Skylodge Adventure Suits

Хотелот Skylodge Adventure Suits во Перу нема класични соби. Овој несекојдневен хотел наместо соби има капсули кои висат на страните од висока карпа.

Капсулите се поставени на висина од околу 400 метри над Светата долина во близина на Мачу Пикчу. Дури и приодот до хотелот е различен од класичните хотели. До него може да се дојде само со планинарење или со спуштање по жичарница, но без лифтови, туку со раце. За најхрабрите и најиздржливите постои и трет начин како да се дојде до хотелот, со искачување по патеката Виа Ферата, односно со искачување по карпи со безбедносен систем.

Хотелот поседува три капсули со по четири кревети, дневна соба и бања,  а ова незаборавно искуство чини 400 долари од лице. За цената што ќе ја платите добивате тура со водич до и од капсулата, едно ноќевање во капсулата, појадок и вечера. Храната во ресторанот чини 250 долари по лице

Управител на хотелот е компанијата Natura Vive, и нејзина мисија е на луѓето од сите возрасти со различно искуство да им овозможи да ја доживеат планината на вистински начин.

 

https://www.facebook.com/InTheKnowInnovationAOL/videos/280193755928515/?t=0

Можеби ќе ве интересира

Тајландски кафе-бар им нуди на посетителите најмеки гушкања

Biba

Висечките градини во Бали – луксузно одморалиште со уникатен поглед

Biba

Пантеон во Рим и после 2000 години активно се користи

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.