Забава

Несекојдневен одмор во пештера

Ако сакате одмор како од времето на Каменковците, тогаш сместувањето во Monachilo, малото село кое туристите сè уште не го откриле – ќе ви го приреди тоа.

Опкружено со планински врвови со висина од 3000 метри, Monachilo ќе ве пренесе во свет сосема различен од светот од кој сте дошле.

Куќите во пештери во Андалузија се градат уште од пред 1000 години, но поголемиот дел се изградени во XV век, во време на владеењето на Маорите.

Chave La Chumbera е сместување кое се опишува како мешавина од пештера и иглу. Од надвор делува како сосема обично сместување, но внатрешноста е осмислена за уживање со тематски содржини. Може да се избира меѓу летна и зимска тематика. На располагање има и базен за разладување во врелите летни денови.

Покрај посетата на Monachilo, попатно може да се запознаете со прекрасните градови на Андалузија како Севиља, Гранада и Кордоба, кои се гордеат со својата римска, маорска и христијанска култура.

Слични написи

Излезе новиот трејлер за филмот Боемска Рапсодија

Biba

Возбудливи хорор филмови кои нè очекуваат оваа есен

admin

Во Истанбул јавниот превоз може да се плати со пластични шишиња

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.