Технологија

Неофицијално се појавија слики за изгледот на првиот гејмерски мобилен телефон на Леново

 

Неколкуте промотивни видеа што „протекоа“ на интернет го откриваат изгледот на првиот гејмерски паметен телефон на Леново.

Станува збор за паметен телефон наречен Леново Легија, чиј промотивен материјал го открил анонимен извор.

Исто така, откриени се и некои спецификации.

Клиповите покажуваат дека паметниот телефон ќе се напојува со батерија од 5000 mAh и ќе поддржува полнење од 90W. До 100 % капацитет батеријата ќе бидат наполнета за 30 минути.

Исто така, се гледа порт за полнење од типот USB-C, слот за SIM картичка и опционална порта за USB-C од страната. Звучниците се наоѓаат на горниот и долниот раб, додека микрофонот е поставен на горниот дел.

 

 

На задната страна се гледа симетричен дизајн во облик на Y, сличен на другите производи од Легија. Во центарот на задниот панел има две камери, што е малку невообичаено. Сепак, веројатно е подобро решение бидејќи гејмерите често ги држат своите мобилни телефони хоризонтално. Селфи-камерата има скокачки механизам и се повлекува од страна.

Уредот се напојува со процесорот Qualcomm Snapdragon 865 и доаѓа со резолуција на екранот од 2.340х1,080 пиксели и стапка на освежување од 144Hz.

Во задниот дел има камери со 64 и 16 MP, додека на предниот дел е поставена селфи-камера со 20 MP.

Не е познато во овој момент кога ќе биде лансиран Леново Легија и колку ќе чини.

 

Можеби ќе ве интересира

Јапонските научници тестираат идеја стара два века

admin

Поглед во иднината на мобилните телефони

admin

Договор тежок 3,5 милијарди долари за 5G мрежа во САД

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.