Сосема е нормално во летниот период повеќе да се потиме и да ни се појавува непријатна миризба од обувките.
Овој проблем може да се реши на многу начини, но според експертот за чистење Линзи Кромби, начинот на кој таа пристапила во решавање на овој проблем е многу едноставен и не чини пари.
На својот инстаграм-профил го објаснила начинот кој таа го смета за ефикасен и бесплатен.
За елиминирање на миризбата во чевлите, таа користи веќе искористени кесиња од каков било чај кои ги става во внатрешноста на чевлите. Обувките заедно со вметнатите кесиња од чај се ставаат преку ноќ на топло и суво место и колку подолго стојат, толку подобар ефект се постигнува. Принципот е таков што кесињата од чај имаат ефект на впивање на влага и мириси и на тој начин миризбата во чевлите се елиминира.
https://www.instagram.com/p/BzHxJ1PDfBw/?utm_source=ig_web_copy_link