Убавина

Нега на кожата и на косата по сончање

Нега на кожата

Секојдневната грижа за кожата е многу важна, особено во лето – кога е почесто изложена на сонце и поради тоа ѝ е потребна посебна нега. Негрижата за кожата во летниот период може да доведе до непоправливи последици. Колку што е важно правилното користење на соодветен заштитен фактор (SPF 50), исто толку е важно да се грижите за кожата и по сончањете. Сè заедно е пресудно за изедначен убав тен и здрава кожа.

Долготрајното изложување на сонце предизвикува кожата да потемни, да се исуши, да се перута и често се појавуваат темни дамки. Може да се појават нови брчки, а веќе стекнатите да станат позабележителни. Ваквите промени се резултат на штетното влијание на сончевите зраци кои ја оштетуваат ДНК-та на кожата. Виталните функции на клетките се загрозени, што го намалува производството на колаген и еластин во кожата. Со оглед на тоа дека оштетените клетки тешко се регенерираат, на кожата по сончањето ѝ е потребна дополнителна нега, која вклучува враќање на балансот на влага и маснотии во кожата и третирање на настанатите промени и оштетувања.

Поинтензивната хидрантна крема после сончање ѝ помага на кожата да се регенерира. Препаратите наменети за нега на кожата по сончање ѝ ја враќаат еластичноста, ја разладуваат и смируваат. Овие препарати главно се базирани на неиритирачки растителни масла и екстракти, алое, термални води, без парфеми и алкохол, хранливи се, не се мрсни и имаат нелеплива текстура.

Во летните денови, исто така, треба да се избегнува долго туширање со врела вода, бидејќи така дополнително се суши кожата. Купките со топла или млака вода и масла кои содржат липиди се неопходни за обновување на заштитната бариера на кожата, ја штитат од сушење и овозможуваат да се воспостави рамнотежа во микробиомот на кожата. Некои делови од кожата на лицето дехидрираат побрзо од другите и треба да се обрне посебно внимание на нив.

Хранливите креми богати со термална вода или со хијалуронска киселина која ја врзува водата и ја задржува во клетките, ја одржуваат виталноста и еластичноста на кожата и ги измазнуваат ситните брчки. За да може кожата да диши, кремите кои се тешки и масни треба да се оставаат за постудени денови. Производите што содржат ретинол, гликолна или салицилна киселина не треба да се користат за време на изложување на сонце, бидејќи постои ризик од промена на бојата и пигментација на кожата.

Покрај надворешната нега на кожата, здравата исхрана влијае и на нејзиниот поздрав изглед. Свежата храна, особено онаа богата со антиоксиданси и бета каротен, дополнително ќе ја заштити кожата. Антиоксидансите, селенот, витамините А, Ц и Е земени преку храната или како додатоци, играат важна улога во поправањето на штетата предизвикана од прекумерното изложување на сонце. Хидратацијата е една од најважните работи и затоа е неопходно да се внесуваат многу течности, а најмногу вода.

Нега за косата

При изложување на сонце надворешниот заштитен слој на влакното пука и внатрешноста се суши, краевите на косата стануваат суви и лесно се кршат. Во лето треба да се избегнува честото фенирање или пеглање на косата. Шампоните без сулфати, силикони и парабени спречуваат дополнително сушење на косата и можат благотворно да делуваат на скалпот, особено шампоните збогатени со витамини и пантенол.

Кератинот е главниот протеин во структурата на косата, кој се додава како хранлива материја во препаратот, бидејќи го зајакнува фоликулот на косата и ѝ дава природен изглед. Маските и ампулите за нега на коса кои содржат маслиново и рицинусово масло ја враќаат структурата на косата и ја негуваат косата одвнатре.

Можеби ќе ве интересира

Зошто мажите немаат целулит?

dart

Домашен сируп со кој масното ткиво се намалува за 1 см дневно

Biba

Лимонот како природна козметика

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.