Забава

На што се должи генијалноста за сликање на Леонардо да Винчи

Според најновото истражување спроведено од проф. Кристофер Тајлер од Универзитетот во Лондон, совршеноста во сликањето на Леонардо да Винчи се должи на аномалијата што ја имал на едното око. Аномалијата се вика егзотропија или тенденција на окото да гледа кон надвор наместо право. Таа аномалија му помагала да слика оддалеченост и длабочина на рамните површини со исклучителна прецизност и точност, по која и бил славен, покрај другите негови таленти.

Професорот Тајлер изјавува дека кога ги анализира неговите слики забележува исклучителна дивергентност кај очите на сите негови слики. Анализирајќи го правецот на погледот на шест од неговите изработени портрети, две скулптури, две масла и два цртежа, укажува на егзотропија поради фактот дека погледот на очите бега кон надвор.

Мерењата што ги направил проф. Тајлер кои укажуваат дека уметникот дефинитивно има тенденција на страбизам, е дека едното око е завртено кон надвор за -10.3 степени. Кога уметникот бил одморен можел слободно да го врати погледот рамно.

На крајот, професорот додава дека истражувањата што ги направил би требало да ја отсликуваат состојбата точно, но сепак остава доза на резерва за целото истражување.

Слични написи

Нацистички орден продаден на аукција за сума од 45 000 долари

Biba

Страв од летање

dart

Секси пикантерии што се пребаруваат на интернет според Гугл

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.