Автомобилизам

На Себастијан Фетел не му одат работите како што треба

 

Директорот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, ја отфрли можноста Себастијан Фетел да прејде во тимот.

Иако сè уште ја нема изгубено поддршката од управата на Ферари, Фетел не ги живее своите најсветли моменти.

Големата криза во која се наоѓа четирикратниот светски првак и понатаму претставува една од главните теми во светот на елитното автомобилско натпреварување, а откако несреќно се удри во задниот дел од болидот на Макс Верстапен во Силверстон, се актуелизираше најавата за неговото заминување од Ферари, каде што вози за плата од 45 милиони долари.

Иако Фетел има договор со Ферари и за следната сезона, тоа не му гарантира дека и ќе го задржат.

 

 

Евентуалното негово преоѓање во Ред Бул повеќе не е опција, откако од управата на “биковите” ја исклучија таа можност.

Добра вест за Фетел е што сè уште ја има поддршката на управата на Ферари.

“Верувам дека Фетел е среќен овде со нас. Би биле посреќни тој да почне повторно да победува и да има побрз болид, но гледам дека тој сè уште има голема желба да се искачи на врвот. Негов сон е тоа да го направи со Ферари и не се сомневам дека ќе успее”, нагласува Матија Биното од Ферари.

Сега за сега Фетел е сигурен, но ако продолжи со лошото возење може да го снајде судбината на Кими Раиконен или уште полошо, во потполност да го загуби местото во Формула 1.

 

Слични написи

Veneno Roadster е најскапиот хиперавтомобил на Lamborghini некогаш продаден на аукција

Biba

Најбрзиот спортски компактен автомобил е?

admin

Vandal One – уличен болид

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.