Да се доживее оргазам е убаво чувство, а да се доживее оргазам за време на секс – поголемиот дел од жените ќе се сложат – и не е така едноставно. Стресот, секојдневните проблеми и обврски, претераната желба за контрола и несигурноста во сопствениот изглед може многу да ги намали шансите за постигнување на оргазам.
Сепак, стареењето има и позитивни страни за жената. Го јакне сексуалното задоволство, бидејќи жената станува посигурна во себе и подобро ги истражува своите сексуални желби.
Производителот на секс-играчки и помагала Lovehoney спровел интересно истражување за поврзаноста на доживувањето на оргазам со животната доба кај жената, кое покажало дека постои одредена возраст на која жените најмногу доживуваат оргазам. И покрај тоа што повозрасните жени имаат помалку сексуални односи од помладите, тие имаат поквалитетен секс и доживуваат двојно повеќе оргазми од нив.
Според истражувањето кое било спроведено на 2100 жени на возраст од 18-70 години, 63 % од жените над 45 години секогаш доживуваат оргазам за време на сексот, а само 35 % од жените на возраст меѓу 18 и 25 години доживуваат оргазам.
Истражувањето, исто така, покажало дека 39 % од жените на возраст од 18 до 25 години имаат сексуални односи повеќе од 2 пати неделно, што е двојно повеќе од жените над 45 години. Сепак, се чини дека квалитетот на сексот е поважен од квантитетот, бидејќи позрелите жени изјавиле дека се позадоволни и посигурни во себе и во своето тело отколку помладите.
Огромен процент од жените на возраст над 45 години го оцениле своето сексуално задоволство со оцена 10/10, а само 11 % од жените помлади од 25 години и 10 % од жените на возраст меѓу 30 и 35 години го изјавиле истото.
Портпаролот на Lovehoney изјави дека е одлично тоа што младите практикуваат секс почесто отколку што покажале минатите истражувања и дека тие го користат сексот на позитивен начин, за да ја зајакнат самодовербата и да побегнат од секојдневниот стрес. Тој додава и дека младите би можеле да научат понекој трик од позрелите луѓе како да го зголемат сексуалното задоволство и фреквенцијата на оргазми.
“Екстремно високиот процент на сексуално задоволство во групата на жени постари од 45 години покажува дека искуството може да ја зголеми стимулацијата и да ја подобри перформансата во креветот”, вели портпаролот.
За постигнување на оргазам важно е да следите одредени насоки. Секогаш со партнерот зборувајте за тоа што сакате и што ве задоволува, и иако не звучи како лесна задача – само ако кажете што ве возбудува партнерот може да ве доведе до оргазам. Многу е важно партнерот да знае што ве возбудува, а што не; што ви годи, а што може да направи да не се чувствувате убаво.
Никогаш не се напрегајте и не се принудувајте да постигнете оргазам. Опуштете се и чувствувајте го своето тело. Само така опуштени ќе ви се активираат сите сетила и ќе го постигнете посакуваниот оргазам.
Ако досега се плашевте од староста, овие вести можеби малку ќе го ублажат вашиот страв.