Автомобилизам

На денешен ден во 1950 година се одржа првата трка на Формула 1

 

13 мај 1950 година е денот кога заживеа натпреварувањето Формула 1. Големата награда на Англија на патеката Силверстоун е првата патека на големиот автомобилски циркус наречен Формула 1. Тоа беше првата трка од вкупно 7 кои се возеа таа година.

На трката настапуваа 22 натпреварувачи, од кои 21 се квалификуваа, 11 успеаја да ја завршат трката, а броевите 7 и 13 не се доделија на ниеден од возачите. На трката не се натпреваруваше ниту еден ферари автомобил, а се натпреваруваа алфа ромео и масерати. За екипата на Алфа Ромео возеа легендите како Џузепе Фарина и Хуан Мануел Фанѓо. За тимот на Масерати возеше возачот од Монако, Луис Чирон.

На квалификациите најбрз беше Фарина, пред Фаџоли, Фанѓо и Парнела.

По 70 извозени кругови победата ја однесе Фарина со време 2:13:23.6 и просечна брзина од 146,378 km/h.

На славниот Фанѓо му се случи малер и поради течење на масло од моторот во 62 круг мораше да се откаже.

Тоа се некои од интересните факти за првата трка на Формула 1 натпреварувањето.

 

Слични написи

Мик Шумахер оди по стапките на својот татко

Biba

Автомобилите во WRC натпреварувањето со хибриден погон од 2022 година

Biba

Најјакиот и најбрзиот Мини

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.