Забава

Најчудните сексуални фетиши на Американците

Сите сме слушнале за повеќето сексуални фетиши, а научниците велат дека дури едно од три лица започнале да експериментираат барем еднаш во животот и дека еден од шестмина има некој вид фетиш. Луѓето можат да бидат сексуално возбудени од разни нешта. Би се изненадиле кои се најчудните сексуални фетиши во светот.

Men’s health објави список на најчестите „неуредни“ сексуални фетиши во САД. Некои луѓе сакаат „валкани“ разговори во кревет. Некои се возбудуваат за елементите на BDSM, како што се дисциплина, садизам и мазохизам. Овој вид на луѓе сакаат да бидат врзани и сексуално понижени.  

Исто така, многу луѓе се возбудуваат поради храната. Но, не само храна сама по себе, туку играње со намирници во сексуален контекст. Замислете да лижете чоколаден сируп од градите на партнерката, да се бањате голи во када со сос од шпагети и слично.

Сексуалниот фетиш може да има многу форми, но генерално, тоа се случува кога некое лице се возбудува со гледање и играње со големи количини на храна во сексуално опкружување. Sploshing е суптип на „неуреден“ фетиш (WAM), кој исто така вклучува неуредни супстанции како крем за бричење, слуз, боја, лосион и многу други. „Некои луѓе можат да уживаат да бидат покриени со овие продукти, додека други уживаат да ги покриваат другите“, објаснува д-р Џастин Лемилер, истражувач од Институтот Кинси. Во својата книга „Кажи ми што сакаш“, Лемилер испитал 4.175 Американци, прашувајќи ги за нивните сексуални фантазии, вклучително и повраќање во сексуален контекст. Луѓето со овој фетиш можат да бидат особено возбудени од повраќање или кога гледаат некој како повраќа. Сепак, повраќањето често вклучува хранење со партнерот, што секако е пречка. Инаку, 0,4 проценти од анкетираните лица рекле дека честопати имаат фантазија со повраќање. Лемилер забележува дека ова е една од најретките сексуални фантазии што се појавила во неговата студија. Ако идејата да се донесе храна во спалната соба звучи малку премногу екстремно или не сакате да го пробате тоа, но сакате да видите за што се работи – секогаш има порнографски снимки.

Можеби ќе ве интересира

Ги нарекуваат вампири бидејќи кожата буквално им се распаѓа на сонце

admin

Се продава накитот на Марија Антоанета

Biba

Луѓе риби – генетски адаптирани за престој во вода

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.