Автомобилизам

Најубавиот BMW E9 Coupe е на продажба

 

Љубителите на постарите автомобили, особено оние кои го сакаат BMW, дефинитивно нема да останат рамнодушни на моделот E9 Coupe 3.0 CS, кој се продава на аукција.

Прекрасното купе ја напушти фабриката во 1973 година, обоено во сахара беж, но во 2013 година беше обоено во актуелната боја на Ди Си Металик, која навистина одлично му прилега. Направени се голем број други работи за освежување на надворешноста, вклучувајќи отстранување на страничните рефлектори и керамичко затемнување на прозорците.

Автомобилот има 16-инчни BBS бандажи со гуми Continental и внимателно е одржувано со текот на годините.

Внатрешноста е беспрекорна, седиштата се обложени со беж кожа како и панелите на вратите, а има кафеави патосници и црна табла. Автомобилот има и стерео Sony AM/FM XD со Alpina звучници, а пред возачот е дрвен Nardi трикрак волан.

Фантастичниот BMW е придвижуван од 3,5-литарски M30 линиски мотор со шест цилиндри кој е вметнат во 1990-тите и во 2007 година доби систем за вбризгување гориво. Моторот е поврзан со петстепен мануелен менувач со крати преноси, а инсталирана е и понапредна ECU единица.

Автомобилот се продава на аукција која завршува за неколку дена, а највисоката понуда во моментот на пишувањето е 51.000 долари. Воопшто нема да биде изненадување ако таа бројка на крајот биде многу поголема.

Можеби ќе ве интересира

Новиот концепт на GMC носи назив Sierra 1500 AT4 All Mountain

Biba

Jaguar F-type Rally Concept

admin

Популарноста на новиот Porsche Taycan од ден во ден расте

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.