Select Page

Најтоплиот ден во историјата на Австралија

Најтоплиот ден во историјата на Австралија

 

Додека ние на Балканот мака мачиме со маглите и загадувањето, во Австралија вчера била измерена највисоката просечна температура во историјата на овој континент.

Според мерењето на Австралиската дирекција за метеорологија, вчера измерената просечна температура изнесувала 40,9 степени Целзиусови и со тоа бил надминат претходниот рекорд од 40,3 степени измерени во јануари 2013 година.

Според метеорологот Диана Еди, температурите генерално се во пораст. Во поголемиот дел на внатрешноста на Австралија се измерени температури повисоки од 45 степени.

Се очекува високите температури да потраат и во следните неколку дена, а со тоа е отворена и можноста за нов рекорд.

Највисоката температура вчера измерена била во Цедуна, јужниот дел на Австралија, и изнесувала дури 46,5 степени Целзиусови.

Високите температури во Австралија претставуваат и дополнителен ризик од пожари.

 

 

Наши пријатели

Патување низ времето

Follow Us

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.