Select Page

Најплатените јутјубери во светот за 2019 година

Најплатените јутјубери во светот за 2019 година

 

Магазинот Форбс, како секоја година така и оваа, промовира листи со најплатени личности во своите професии.

За оваа година Форбс ја објави и листата за најплатени јутјубери, и вторпат по ред на врвот на листата се најде осумгодишниот Рајан Каџи.

Кога Рајан го стартуваше својот јутјуб-канал на кој ги распакувал и покажувал подароците што ги купувал и добивал, имал само 3 години. Оттогаш, со секоја следна година напредувал со големи чекори. Оваа година Рајан има заработка од 26 милиони долари и со тоа повторно е на првото место на листата на Форбс.

На второ место е каналот Dude Perfect, кој оваа година има заработка од 20 милиони долари. Видеата што се објавуваат на каналот се објавувани од пријателите Коби Котон, Кори Котон, Герет Хилберт, Коди Џонс и Тајлер Тони. На видеата заедно играат различни игри и рушат рекорди.

Петгодишната Анастасија Раѕинскаја е на третото место на листата со остварени 18 милиони долари.

Зад неа се Рет МекЛафлин и Линк Нил, кои го водат каналот Good Mythical Morning, со заработка од 17,5 милиони долари.

Каналот со совети за шминкање на Џефри Стар е следен на листата, со заработка од 17 милиони долари, а веднаш зад него е Престон Арсмент, кој на својот јутјуб-канал покажува видео игри, со заработка од 14 милиони долари.

Некогаш најплатениот јутјубер ПоДиПаи сега се наоѓа на седмото место, со заработка од 13 милиони долари.

Седмото место на листата го дели и Марк Пилер, со иста заработка како ПоДиПаи.

На деветтото и десеттото место се наоѓаат DanTDM со 12 милиони и VanossGaming со 11,5 милиони долари.

Според ова, може убаво да се живее и од Jутјуб?

Можеби.

 

 

Наши пријатели

Патување низ времето

Follow Us

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.