Рифка Станеску денес има 33 години, но кога станала баба на 23 години била најмладата баба на светот.
Својата ќерка ја добила една година откако се омажила на 11 години, а баба станала на 23 години. Иако Рифка се надевала дека нејзината ќерка Марија нема да ги следи нејзините чекори, но и таа, според традицијата во нивното ромско село, рано запловила во брачните води со партнер којшто сама си го одбрала, и го добила своето дете на само 11 години.
Рифка Станеску живее со својот сопруг во романското село Инвести, се венчале кога таа имала 11 години, а нејзиниот сопруг 13.
Нејзините родители ја имале ветено Рифка на друго момче, но таа се заљубила во нејзиниот иден сопруг и избегала од дома. Нејзините родители се обиделе да ја вратат, но таа повторно избегала кај нејзиниот сопруг.