Некои хороскопски знаци не се компатибилни, па затоа често се соочуваат со проблеми во врската. Ова се знаците кои имаат сосема различни карактери и за кои треба добро да размислите пред да започнете љубовна врска со нив:
Овен и риби
Овенот е енергичен, решителен и искрен во секое време. Поради оваа причина тој најдобро одговара за улогата на лидер. Од друга страна, рибите се особено емотивни и земаат сè при срце. Тие се стремат кон совршена љубов, поради што на овенот ваквата врска им е напорна и емотивно исцрпувачка.
Лав и бик
Ова се двата најтврдоглави хороскопски знаци. Речиси е невозможно да се согласат. Покрај тоа, лавот секогаш по природа сака да биде во центарот на вниманието, додека бикот има побавен и порелаксиран пристап кон животот. Единственото нешто што им е заедничко е наклонетоста кон материјалните работи, но и тоа не е доволно за да успее нивната љубовна врска.
Близнаци и скорпија
Близнаците се високо комуникативен хороскопски знак. Постојано бараат нови пријатели и не се двоумат да покажат што чувствуваат. Скорпијата е љубоморна и манипулативна, што ќе доведе до колапс на врската.