Кога станува збор за чистење во домаќинството, мијалникот во кујната треба да се чисти секојдневно, а често не е лесно да се отстранат тврдоглавите дамки од бигорот и остатоците од храна.
Сепак, чистењето на мијалникот не мора да биде проблем, особено ако знаете кои производи да ги користите. Потребни ви се само сода бикарбона и детергент за миење садови.
Прво посипете го мијалникот со сода бикарбона, а потоа испрскајте детергент за миење садови. Потоа со обична кујнска четка добро истријте ја смесата по мијалникот, и на крај убаво исплакнете со топла вода. И тоа е сè – мијалникот ќе чист и сјаен како да е нов.