Најдобро платени музичари за 2018 година

Кликнете на копчето "Сподели" и другите да го прочитаат написот.
  •  
  •  

Како и секоја година, така и оваа, Forbs ја издаде листата на 10 најплатени музичари за 2018 година. Станува збор за огромни суми на пари.

  • На првото место на листата на најплатени музичари се најде ирската група U2 со вртоглави 118 милиони долари.

  • Второто место го имаат Британците Coldplay предводени од Chris Martin. Благодарение на турнејата наречена A head full of dreams, во 2018 остварија приход од 115 милиони долари.

  • Црвенокосиот  Ед Ширан во 2018 година заработи импресивни 110 милиони долари, со што го зазема третото место на листата на Forbs.

  • Американскиот музичар Bruno Mars имаше успешна 2018 година и заработи 110 милиони долари. Тој го држи четвртото место на листата.

  • Поп ѕвездата Katy Perry се најде на петтото место со заработени 83 милиони долари.

  • Веднаш по Katy Perry се најде нејзината колешка Taylor Swift со 80 милиони долари.

  • За сопругот на Beyonce, Jay-Z, оваа година беше многу успешна. Тој заработи фантастични 76,5 милиони долари.

  • Guns N’ Roses годинава заработија 71 милион долари и го држат осмото место на листата.

  • Roger Waters од Pink Floyd е на деветото место со заработени 68 милиони долари.

  • Десеттото место на листата на Forbs го има Sean Combs (Diddy) со заработени 64 милиони долари.