Автомобилизам

Најдобрите зимски гуми според ADAC

Како температурите полека опаѓаат и зимата се приближува, така на површина испливува дилемата какви зимски гуми да користиме.

ADAC (Allgemeiner Deutscher Automobil-Club), најстариот авто-мото клуб во Европа основан далечната 1903 година во Штутгарт, Германија, реши да направи тест на нови автомобилски гуми за зимски услови. За тестирањето се земeни две референтни димензии на автомобилски гуми: 175/65 R14 T и 205/55 R16 H. Резултатите што се добиени се збир на 7 критериуми според кои ги тестирале гумите.

Гумите се тестирани според: однесување на сува подлога (15 % од оцената), однесување на влажна подлога (30 % од оцената), на снежна подлога (20 % од оцената) и на мраз (10 % од оцената). Како додаток на подлогата земени се карактеристиките за потрошувачка на гориво (10 % од оцената), издржливост (10 % од оценката) и бучава (5 % од оцената).

На овогодинешното тестирање доминираше еден производител, германскиот Continental. Овој производител доминираше и во двете тестни димензии.

175/65 R14

1. Continental WinterContact TS860 – вкупна оцена 7,8
2. Dunlop Winter Response 2 – вкупна оцена 7,8
3. Firestone Winterhawk 3 – вкупна оцена 6,8
4. Nokian WR D4 – вкупна оцена 6,6
5. Goodyear UltraGrip 9 – вкупна оцена 6,4
6. Debica Frigo 2 – вкупна оцена 6,2
7. ESA Tecar Super Grip 9 – вкупна оцена 6,2
8. Sava Eskimo S3 Plus – вкупна оцена 6,2
9. Vredestein Snowtrac 5 – вкупна оцена 6,2
10. Pirelli Cinturato Winter – вкупна оцена 5,8

205/55 R16

1. Continental WinterContact TS860 – вкупна оцена 7,6
2. Goodyear UltraGrip 9 – вкупна оцена 7,6
3. Dunlop Winter Sport 5 – вкупна оцена 7,4
4. Kleber Krisalp HP3 – вкупна оцена 6,8
5. Michelin Alpin 5 – вкупна оцена 6,6
6. Nexen Winguard Snow G WH2 – вкупна оцена 6,6
7. Fulda Kristall Control HP2 – вкупна оцена 6,4
8. Vredestein Snowtrac 5 – вкупна оцена 6,4
9. Bridgestone Blizzak LM001 EVO – вкупна оцена 6,2
10. Nokian WR D4 – вкупна оцена 6,0

Слични написи

Потврдено е доаѓањето на новиот модел на Тесла

admin

Jaguar F-type Rally Concept

admin

Ami One – концепт на градски автомобил од иднината

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.