По купувањето на недвижен имот, набавката на автомобил е веројатно втора по вредност инвестиција која ја правиме во животот.
Според Бизнис инсајдер, купувачите со подлабок џеб кои се во потрага по возило сакаат да дознаат повеќе информации за автомобилот кој им се допаѓа. Тука стапува на сцена платформата за рејтинзи на автомобили JD Power која анализираше над 600 модели на автомобили и ги рангираше според освоените поени.
Квалитетот на изработка, перформансата, изведбата и задоволството на купувачот, се само некои од ставките кои се бодувале за да се добие конечното рангирање.
Ова се 13-те најдобри автомобили на светот за 2018 година:
13. Porsche Cayenne
12. Lexus GS
11. Genesis G80
10. Cadillac Escalade
9. BMW 7 Series
8. Porsche 718
7. Lexus RX
6. Lincoln Navigator
5. Porsche Macan
4. Lincoln Continental
3. Mercedes-Benz S-Class
2. Genesis G90
1. Porsche 911