Најголемиот авион на светот со две пилотски кабини, полета за прв пат

 

Мегаџет со две кабини, со опсег на крилата како игралиште за американски фудбал, полета утрово за прв пат.

Stratolaunch Systems, компанијата која во 2011 година ја основаше сега покојниот соосновач на Мајкрософт Пол Ален, го направи првиот пробен лет на најголемиот авион на светот од кој ќе се лансираат ракети.

Stratolaunch е дизајниран како воздушна платформа од која ќе се лансираат ракети со кои ќе се праќа опрема во ниската орбита на Земјата. Планот е ракетите да се лансираат од средна висина, а во компанијата се надеваат дека тоа ќе биде многу поевтино од моменталното комерцијално лансирање на ракети.

Ширината на крилата на Stratolaunch изнесува 117 метри, поширок е од кој било друг авион во светот, и има должина од 73 метри. Тежи 230 тони.

Според калкулациите, ќе може да носи товар до 250 тони.

Толку е голем што има две кабини, но при лет користи само една.

“Тоа е најголемиот авион на светот. Толку е голем што се чини дека воопшто нема да може да лета. Многумина се заинтересирани да го видат првиот лет на Stratolaunch, бидејќи сакаат да ја видат иднината”, изјави Џек Бејер, фотограф за авиони и лансирања на NASASpaceFlight.com.

Откако ќе биде потполно тестиран и сертифициран, овој млазен авион со себе ќе може да носи ракета со сателит на висина од 35 000 стапки. Од таму пилотот ќе може да ја лансира ракетата кон вселената. После тоа авионот ќе се се врати на Земјата, а ракетата ќе го однесе сателитот на висина од 480 – 2800 км над земјата.

Цената на авионот не е позната, но познати се некои други детали. За да биде јак и лесен, изработен е главно од јаглеродни влакна наместо од алуминиум. За да се заштеди на дизајнот на нови мотори, се користат веќе постоечки млазни мотори Pratt & Whitney, кои беа дизајнирани за Boeing 747 s.

Поставувањето на сателити на овој начин е поевтино, бидејќи нема потреба од дополнителни лансирни рампи и целата скапа опрема од стандардното лансирање на ракети.

Ако сè помине како што треба при тестирањето и сертифицирањето, од Stratolaunch Systems очекуваат дека со лансирањето ќе започнат следната година.

 

Копирањето на содржината е забрането!