Шафранот е најбараниот и најскапиот зачин на светот кој е познат и како “црвено злато”. Килограм од најквалитетниот шафран чини околу 3000 долари.
Расте во специфични услови и цвета само една недела во годината. Најдобро резултати дава кога е изложен на сонце и е посаден на суво, но богато тло. Се бере во одредено време, а за половина килограм зачин потребни се 80.000 цветови од оваа билка. На високата цена влијае и тоа што од самиот почеток, од жетва до сушење, се работи рачно.
Најпопуларен е шафранот од Индија и Шпанија, а луѓето во светот се подготвени и да платат за лековитите својства на овој зачин.
Старите Грци, Кинезите и Индијците го користеле шафранот за многу намени, од правење парфеми до правење лекови.
Истражувања покажуваат дека шафранот, меѓу другото, може да го подобри расположението, да ги намали симптомите на ПМС и да помогне при слабеење. Американските психијатри велат дека шафранот е најдобриот природен антидепресив, бидејќи не покажува несакани ефекти. Исто така е докажано дека ја намалува анксиозноста и депресијата.
Шафранот има интензивен мирис и е со малку горчлив вкус. Во продажба се наоѓа во мали пакувања.