Самата помисла на губење на забите на повозрасни години е застрашувачка, но тоа е нешто од кое нема бегање. Повеќе од четвртина од луѓето до 74 години ги губат своите заби.
Стоматолошките импланти се само еден дел од решението на проблемот, но тие знаат да бидат многу незгодни ако не се адаптираат.
Со новата техника што ја открија научниците може да се постигне повторно растење на заби за само 9 месеци, со користење на сопствени матични клетки.
Магазинот “Journal of Dental Research”, пишува за експеримент кој бил изведен врз 22 глувци. Откако факторите на раст биле имплантирани во устата на глувците, се постигнало регенерирање на нов коскен материјал кој во период од 9 месеци се интегрирал природно. Според изјавите на тимот, ова е првпат да се постигне регенерирање на овие структури во жив организам.
Доколку овој третман се покаже како ефикасен, ќе биде еден од најуспешните медицински потфати, како и најисплатливата процедура за надоместување на изгубените заби.
Засега забните импланти се единствена добра замена за изгубените заби, и покрај болната процедура и долгиот период на зараснување, а која некогаш знае да биде и неуспешна.
Сепак, оваа нова алтернатива би можела наскоро да биде стварност.
Универзитетот Колумбија кој ги спроведува истражувањата, веќе поднесе пријави за патентирање на целата процедура и технологија, и бара начин за нејзина комерцијална употреба.