Наука

Научниците пронајдоа микропластика во месото, млекото и крвта на домашните животни

Научниците од Универзитетот Врије во Амстердам открија микропластика во човечката крв, откако ги анализираа примероците на 22 здрави возрасни лица. Mикропластиката била пронајдена во 17 примероци. Сега истата група научници анализирала примероци од животни.

Научниците пронашле микропластика во крвта, месото и млекото на животните од фарма, а тоа би можело да објасни како таа завршила во човечките тела. Она што е уште позагрижувачко е можноста овие честички да „патуваат“ низ телото и да се заглават во органите.

Во извештајот од истражувањето било наведено дека 80 отсто од тестираните месо и млечни производи содржеле микропластика. Биле анализирани 12 примероци кравја крв и 12 примероци свинска крв. Во сите била пронајдена микропластика, вклучувајќи полиетилен и полистирен.

Исто така, анализирани се 25 мостри млеко од пакување во супермаркети, резервоари за млеко на фарми и мостри добиени со рачно молзење, при што е констатирано дека 18 примероци содржат микропластика.

Еден од можните извори на опасни честички може да биде храната за крави и свињи. Сите 12 примероци од пелети и сечкана храна содржеле пластика, но немало контаминација во свежата храна.

„Ова истражување предизвикува сериозна загриженост за контаминацијата на нашиот синџир на исхрана. Јасно е дека земјоделците не се одговорни за ова. Се чини дека барем некои прехранбени производи од супермаркети се преработуваат во добиточна храна заедно со нивното пакување. Ова не е само штетно за животните, туку можеби и за нас луѓето. Веројатно речиси секој стек и плескавица содржат мали парчиња пластика“, вели Марија Вестербос, директорка на фондацијата која го спровела вршела истражувањето.

Со години расте загриженоста за количината на пластика содржана во животинското месо што луѓето ја консумираат. Затоа научниците предупредуваат на храната која се подготвува за добитокот.

„Животните се способни да апсорбираат барем дел од пластичните честички на кои се изложени во нивното живеалиште. Ова истражување треба да поттикне подетална истрага за целосниот степен на изложеност и сите поврзани ризици. Производството на добиточна храна без пластика може да биде еден начин да се подобри состојбата кога станува збор за изложеноста на добитокот на пластични честички“, изјави екотоксикологот Хедер Лесли.

Фондацијата покрена петиција за спроведување на неопходните мерки за заштита на домашните животни од пластика и правење на нивните производи безбедни за консумирање. Целта на фондацијата е добиточната храна да не содржи микропластика.

Ова е важен чекор за зачувување на здравјето на луѓето, бидејќи вирусите би можеле да се закачат на микропластиката за да преживеат, да напредуваат и да го контаминираат секој што ќе дојде во контакт со нив.

Слични написи

Носењето на мобилниот телефон во џеб предизвикува синдром на фантомски вибрации

Biba

Сонцето поминува низ циклуси, а во моментов е во фазата на голем соларен минимум

Biba

Зошто луѓето умираат на Еверест

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.