Наука

Научниците мислат дека го откриле вистинското потекло на озлогласената црна чума

Црната смрт се проширила исклучително брзо и била одговорна за смртта на десетици милиони луѓе. Пред неколку месеци научниците наидоа на неверојатно откритие и можеби решија мистерија стара 700 години. Имено, тие веруваат дека конечно го откриле потеклото на озлогласената црна смрт, најсмртоносната пандемија во историјата на човештвото, која во средината на XIV век ги зафатила Европа, Азија и Северна Африка.

Црната чума се проширила екстремно брзо и продрела главно преку трговските патишта, во речиси сите поврзани делови на светот во тоа време. Научниците го бараа изворот на инфекцијата стотици години, но не го пронашле.

Сега одговорот е можеби на повидок

„Всушност, го лоциравме изворот на вирусот во времето и просторот, што е навистина неверојатно. Го пронајдовме не само предокот на црната смрт, туку и предокот на повеќето видови на чума што циркулираат во светот денес, изјави Јоханес Краузе, професор на Институтот за еволутивна антропологија Планк.

Пронајден ли е изворот?

Група лекари од многу земји ширум светот се собраа да ја решат оваа мистерија кога д-р Филип Славин откри докази за ненадејно зголемување на смртните случаи во доцните 1330-ти на две гробишта во близина на езерото Исик-Кул во областа на денешен Киргистан.

Тој анализирал 467 надгробни споменици помеѓу 1248 и 1345 година и забележал огромен пораст во годините 1338 и 1339 година, а натписите на некои гробни места укажуваат дека причината за болеста била „мавтана“, односно чума.

Понатамошните истражувања покажале дека гробовите биле повторно ископани во доцните 1880-ти и дека од нив биле отстранети 30 скелети. Генетски материјал е изваден од забите на седум скелети, а три од нив го содржеле генетскиот материјал на бактеријата која предизвикува чума.

Можеби ќе ве интересира

Популацијата на тигри во Индија бележи драстично зголемување

Biba

Можна ли е супербура од шеста категорија

admin

Разоткриен е митот за местото на кое се среќаваат два океана

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.