Психологија

Научете како да кажете НЕ

На секој човек му се случило некогаш да сака да се спротивстави некому, но никако не може да каже “не”. Без оглед дали причината е страв, желба некому да угодите или ниска самодоверба, речиси секој човек некогаш во животот имал проблем некого да одбие.

Зашто е тоа така и како да се справите со проблемот, се обидела да истражи новинарката Анџела Тувесон, која за списанието Natural Health зборувала со пет експерти за овој проблем.

Ова се сознанијата до кои дошла за тоа што велат стручњаците, како да го решите овој проблем:

  • Не се извинувајте. Луѓето мислат дека е неопходно да се извинат кога некого одбиваат, но тоа не е потребно. Некои луѓе можат да кажат “не”, но во истиот момент имаат потреба да се извинат за тоа. Држете до својот став, затоа што ако вие не мислите дека сте во право што сте кажале “не”, тогаш и другите ќе ја доведат во прашање вашата одлука.
  • Одложете го одговорот за неколку секунди, за да го слушнете својот внатрешен глас. Може да кажете дека ќе размислите за тоа (за коешто зборувате со соговорникот) или да му кажете на соговорникот дека ќе му го јавите вашиот одговор. Ако некој ве затекнал неспремни, или уште полошо, ве ставил пред свршен чин, имате право да си дадете време да размислите како да одговорите на барањето или на прашањето. Во тој случај, ако кажете “не”, можете да ја кажете и причината зашто е вашиот одговор таков.
  • Почнете почесто да кажувате “не”, за вашето “да” да има повеќе смисла. Веројатно во вашата животна и работна средина познавате личност чие мислење многу се цени. Сте размислувале ли некогаш зашто е тоа така? Тие луѓе уживаат таков статус затоа што често знаат да им се спротивстават на другите. Не се срамат да покажат дека имаат различно мислење, дека го ценат своето слободно време или дека се и тоа како свесни за своите способности.
  • Договорете се сами со себе дека во иднина сакате да делувате порешително. Автогениот тренинг е една од најдобрите работи кои можете да ги направите за себе ако ви недостасува самодоверба. Да се изговори “не” не е секогаш лесно, а ако сте една од оние личности која подоцна се кае за тоа што не изреагирала поинаку кога сте имале прилика, и тоа ви се случува повторно и повторно, тогаш не е доволно само да донесете одлука, мора и да делувате проактивно.
  • Научете да успорите и да застанете. Тогаш можете да одговорите и да го кажете она што навистина го мислите, а не она што го кажувате од навика. Со време ќе видите дека станувате посреќни. Не брзајте со одговорот, вдишете длабоко, избројте во себе до десет (или барем до пет), па откако ќе размислите одговорете “да” или сепак, “не”.

Слични написи

Шефувањето може да има сериозни психофизички последици

Biba

Каков прв впечаток оставате врз основа на вашата телесна градба

Biba

Фејсбук ги спојува луѓето, но ги прави несреќни

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.