НАСА ја објави картата на 4000 планети надвор од нашиот Сончев Систем

 

Одамна не сме добиле цврст доказ за планетите што егзистираат надвор од нашиот Сончев Систем. Едно од последните откритија беше забележано во 1992 година. Меѓутоа, НАСА неодамна го прикажа каталогот на цела низа на егзопланети.

Во последната деценија, со помош на пензионираниот вселенски телескоп Кеплер, динамиката на откривање на планети надвор од нашиот Сончев Систем драстично се зголеми. Во јуни е потврдено постоење на дури 4000 егзопланети.

Кеплер засекогаш се пензионираше во 2018 година, но сè уште се користат бројни опсерватории како што е Transiting Exoplanet Survey Satellite (TESS), кој успеа да пронајде дури 700 нови кандидати за егзопланети во својата прва година од работење.

 

 

До крајот на годината треба да се лансира нов сателит за утврдување на карактеристиките на егзопланетите (CHEOPS), а телескопот на НАСА би требало да се повлече од употреба во 2021 година. И двата вселенски телескопи може да помогнат да се утврди дали постојат услови што поддржуваат живот на некои планети.

 

 

Don`t copy text!