Технологија

НАСА ја заврши мисијата на Марс која траеше 14 години

 

Американската вселенска агенција НАСА потврди дека мисијата на Марс со роботското возило Опортунити е завршена, откако дефинитивно е загубен контактот со него.

Соларниот ровер Опортунити престана да праќа сигнали пред осум месеци. НАСА изгуби целосна комуникација со возилото при големо песочно невреме што ја зафати целата планета. Опортунити користи сончева енергија за да ги наполни батериите и да се снабдува со енергија, па поради тоа што сончевите панели биле прекриени со песок тоа било невозможно и едноставно роверот згаснал.

Кога на 25 јануари 2004 година Опортунити слета на Марс, малкумина веруваа дека мисијата ќе трае подолго од 90 дена. Малиот робот ги надмина сите очекувања и остана активен 14 години.

“После 800 обиди да контактираме со Опортунити, денес објавуваме дека мисијата официјално е завршена. Намерата на Опортунити беше да ја истражува црвената планета деведесет дена, а Опи ја надживеа мисијата и издржа дури 14 години”, напиша на Твитер администраторот на НАСА , Џим Брајдстин.

Шефот на програмата Џим Калас, изјави дека никој не можел ни да претпостави дека оваа мисија ќе трае толку долго.

 

Слични написи

НАСА ги претстави најновите одела за престој во вселената

Biba

Патот на Марс може да ги убие астронаутите

admin

Во Австралија е пронајдена змија со три очи

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.