Технологија

НАСА реши да истражува мистериозен остров

Како резултат на вулканска ерупција што се случила во близина на островот Тонга во јужниот Пацифик пред 4 години, создаден е нов остров со име Hunga Tonga-Hunga Ha’apai на кој денес цвета живот.

Минатата година научниците на НАСА пратиле тим за да го истражат новонастанатиот остров.

На својот блог ги објавиле своите резултати и чувства.

“Бевме возбудени како ученичиња. Воглавно е покриено со црн чакал, нема да го наречам песок, бидејќи каменчињата се со големина на грашок, а ние носевме сандали. Беше прилично болно бидејќи ни се вовлекуваа во сандалите и нè гребеа. Веднаш се забележува дека тлото не е рамно како што се гледа од сателит. Постојат нерамнини, а брановите направиле од црниот чакал интересни примероци”, напишал Ден Слејбек, научник од НАСА.

“На сликите ќе видите светли бои кои го покажуваат присуството на кал. Калта е прилично леплива. Иако го видовме, сè уште не знаеме од што е и од каде доаѓа. Мислевме дека е пепел, но не е”, додава Слејбек.

Освен мистериозната кал, научниците ги развесели сознанието за присуство на вегетација и некои видови животни како ут и стотина чапји што се гнездат на островот.

Истражувачите на НАСА земаа примероци за анализа со цел да утврдат колку долго би можел островот да се задржи.

Слични написи

Xperia 5 IV е новото од Sony

dart

До 2020 година би можеле да почнат да се користат летечки мотоцикли

Biba

SpaceX го носи првиот патник на пат околу месечината

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.