Технологија

НАСА на Гренланд откри огромен кратер заробен во мразот

Меѓународен тим на научници на Гренланд откри кратер скриен на 1600 метри под мразот, во северозападниот дел на Гренланд. Станува збор за еден од 25 најголеми мегакратери, создадени на крајот од минатото ледено доба. Откриениот кратер е и најголемиот од групата и длабок е 304 метри, а широк 30,5 километри.

Групата на научници предводени од експерти од Центарот за Геогенетика на Универзитетот во Копенхаген во склоп на данскиот Природонаучен музеј, три години работеа на анализа на кратерот со помош на податоците што во 2015 година ги снимила НАСА.

Нивните откритија се објавени во месечното издание на Science Advances.

Како што наведуваат научниците, кратерот настанал во периодот помал од 3 милиони години, во момент кога метеор со пречник од 1 километар удрил во Гренланд. Низ времињата кратерот бил прекриван со снег и мраз и во денешно време не бил визуелно достапен.

Слични написи

Huawei го надмина најновиот iPhone на тестот за камера

Biba

FIFA 19 ќе добие надградба

admin

Климатските промени ќе влијаат на бојата на океаните

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.