Select Page

НАСА ги претстави најновите одела за престој во вселената

НАСА ги претстави најновите одела за престој во вселената

 

Дека НАСА забрзано се подготвува за враќање на Месечината во 2024 година покажува и претставувањето на двата нови модели на одела за престој во вселената.

Два инженера на американската вселенска агенција одеа на бината облечени во вселенските одела, презентирајќи ги сите можности што ги нудат. Оделата ќе бидат составен дел на целата програма Артемис.

 

 

Според изјавите на НАСА, оделата ќе овозможат полесно движење, наведнување и клекнување при движењето на површината на Месечината.

Едното одело со портокалова боја ќе се користи во вселенското летало, а оделото со бела боја ќе се употребува на површината на Земјиниот природен сателит.

Администрацијата на САД забрзано работи на, како што велат, колонизирањето на Месечината и создавање на појдовна локација за понатамошно истражување и освојување на Марс.

 

 

Наши пријатели

Патување низ времето

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.