Здравје

Напиток за слабеење кој се подготвува за две минути

Идеална комбинација за чистење на телото, за забрзување на метаболизмот и зајакнување на имунитетот. Овој комплетно природен напиток се подготвува за две минути, а ќе ви помогне да се ослободите од масните наслаги.

Клучната состојка за губење на килограмите е јаболковиот оцет, а за детоксификација на организмот – циметот. Кога ќе ги додадете медот и лимоновиот сок, добивате витаминска бомба.

Состојки:

1 лажица цимет

2 лажици јаболков оцет

1 лажица мед

2 лажици лимонов сок

1 чаша (200 мл) вода

Подготовка:

Ставете ги сите состојки во блендер и добро измешајте ги. Напитокот чувајте го во фрижидер и земајте секое утро по 1 лажица на празен стомак. Резултатите треба наскоро да бидат видливи.

На кој начин овој напиток влијае на телото?

  • сокот од лимон го балансира нивото на шеќер во крвта
  • јаболковиот оцет го намалува крвниот притисок за 6%
  • медот е одличен за срцето, кожата, имунитетот; ги смирува нервите, го зајакнува имуниот систем и ја стимулира дигестијата
  • циметот е еден од најважните антиоксиданти кој го балансира шеќерот во крвта

 

Слични написи

Зошто мора почесто да јадете костени

Biba

На кои сè начини дињата го заштитува здравјето

Biba

Колку треба да тежи училишниот ранец?

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.