Намирници за поздрава кожа

 

Ако сакате да имате убава и здрава кожа без да потрошите цело богатство на скапи креми, мора здраво да се храните.

Ова се намирници кои ќе ви помогнат во желбата да имате поздрава кожа.

Лосос

Лососот е богат со омега-3 масни киселини. Тоа се есенцијални масти кои освен што ги подобруваат когнитивните способности, се депонираат во ќелите на епидермот и помагаат да се задржи влажноста на кожата. Во една студија, научниците, на две групи глувци со опекотини од ултравиолетови зраци им давале омега-3 и омега-6 масни киселини. По две недели, забележале дека кожата на глувците кои примале омега-3 масни киселини се регенерирала за 20 % побрзо отколку кај глувците кои примале омега-6. Лососот ќе ви помогне да ја задржите влажноста на кожата и ќе ве заштитува од штетното сончево зрачење.

Други намирници кои содржат многу омега-3 масни киселини се сардините, оревите и лененото семе.

Моркови

Морковите се богати со бетакаротен, а кога ќе внесете бетакаротен во телото, тој се складира во кожата, ги отстранува флеките и ѝ дава здрав сјај на важата кожа. Истражувањата покажуваат дека морковот помага во прераното стареење на кожата и оштетувања настанати заради предолго изложување на сонце. Ако претерате во консумирањето моркови, може да заболите од каротеноза, состојба во која кожата добива портокалова боја.

Други намирници богати со бетакаротен се слаткиот компир, црвениот грејпфрут и црвената пиперка.

Авокадо

Истражувањата покажуваат дека луѓето кои употребуваат повеќе маслиново масло имаат многу помалку брчки отколку луѓето кои користат путер. Путерот е преполн со заситени масти, а маслиновото масло е богато со незаситени масни киселини кои сочинуваат дури 50 % од калориите на авокадото. Зашто, тогаш, да јадеме авокадо наместо маслиново масло? Затоа што авокадото е богато со витамини од Б групата кои на кожата ѝ даваат мазен и сјаен изглед.

Друга храна богата со незаситени масни киселини се бадемите и путерот од кикирики.

Мешункаст зеленчук

Овој вид зеленчук вклучува грав, леблебии, леќа, соја семки, боранија, кикирики. Овие намирници се добри за мазнење на брчките. Австралиски научници испитале 400 постари мажи и жени и дознале дека оние кои во својата исхрана користеле повеќе мешунки, имале 20 % помалку брчки. Тоа е заради влијанието на изофлавоноидите, силни антиоксиданти кои ги содржи мешункастиот зеленчук.

Грозје

Освен што заштитува од срцев удар, грозјето е богато со антиоксиданти полифеноли, кои постарата кожа ја чуваат од претерано опуштање. Тоа се случува затоа што полифенолите ја подобруваат еластичноста на кожата така што го зацврстуваат колагенот.

Намирници богати со полифеноли се сокот од портокал и боровинките.

Вода

Водата можеби не е забавна како виното, но е најсилното оружје против безживотната кожа.  Една студија предлага дневната количина на испиена вода да ја зголемите само за половина литар, затоа што тоа подобро ќе ги снабди капиларите со крв, на вашата кожа ќе ѝ даде сјај и ќе го успори нејзиното стареење.

Храна богата со вода се лубениците, целерот и праските.

 

Копирањето на содржината е забрането!