Вашиот адолесцент повторно станал на лева нога? Му префрлате затоа што дошол нервозен од училиште а не сака да ви каже зашто? Дрско ви одговара на секој збор? Да, тинејџерите го прават тоа. Но, ако постојано го критикувате заради тоа, му викате и го казнувате, ќе биде уште полошо.
Психолозите советуваат наместо да се расправате, да се обидете да го насмеете. Ако бил нерасположен, после вашата критика ќе стане уште понерасположен. Но, ако се обидете да го орасположите неусилено и полека, ќе успеете. Раскажете му некоја анегдота од вашата младост, започнете разговор за некоја тема која ја го интересира, предложете му да правите нешто во што ужива. Расположението полека ќе му се поправи.
Според психолозите, на овој начин тинејџерот ќе се почувствува задоволен и попатно можеби и ќе ви раскаже што го мачело и му создавало нервоза.