Навики кои лошо влијаат на детското здравје

Дали сме свесни за лошите навики на нашите деца?

Некои од нив може да ги толерираме, но има и такви што би било подобро што поскоро да ги смениме за да не почнат негативно да влијаат на детското здравје.

Ова се 3 лоши навики со кои генерално секој родител се сретнал.

  • Недоволен престој на отворен простор. Колку често и колку долго вашето дете поминува надвор на воздух? Истражувањата покажуваат дека сè помалку време децата поминуваат надвор да си играат, а тоа лошо влијае на нивниот моторички систем, менталното здравје и на витаминот Д. На отворено, на воздух, треба да се поминува минимум 60 минути дневно, со возење на велосипед, шетање во парк, играње со топка и истражување во природа.
  • Премногу време поминато пред екран. Имаме ли ние временско ограничување за децата, за тоа колку време треба да поминуваат пред телевизор, компјутер, таблет, мобилен? Премногу време поминато пред овие уреди има лошо влијание на развојот на децата, го попречува концентрирањето и ги намалува спортските способности кај децата. Пробајте времето пред овие уреди да го ограничите на максимално 2 часа, а на децата под 2 години воопшто да не им се дозволуваат такви активности.
  • Претерано конзумирање на шеќер. Грицките и пијалоците што се наменети за деца и ние им ги даваме, се полни со шеќер. Проверувајте ги прехрамбените продукти за количина на шеќер и други штетни состојки. Шеќерот не е само причинител на дебелеење кај децата, туку создава и зависност од која е тешко да се одвикне. Заменете ги слатките напитоци со млеко или со свежо цедени сокови. Внесете грицки со цели зрна, давајте им повеќе овошје, нека пијат и јогурт.
Копирањето на содржината е забрането!