Набилданиот Suzuki Jimny е најновото изненадување од Сузуки

Suzuki Jimny е малечок теренец за кој може да се каже дека е најголемото изненадување од Сузуки за крајот на 2018 година.

Дека Сузуки постигна хит покажуваат статистиките според кои за примерок на некои пазари се чека и една година. Својата привлечност дефинитивно ја должи на својот симпатичен дизајн.

Основната верзија на Suzuki Jimny е збогатена и со Black Edition со што станува поекстремен и поробустен.

Tјунерската куќа Wald International изрази желба да го преработи Suzuki Jimny во Suzuki Jimny Black Edition и така да додаде уште еден препознатлив модел во своето портфолио.

Со својот редизајн успеаја да го претворат Suzuki Jimny од мал и симпатичен во темен агресивен теренец со мноштво дизајнерски додатоци.

Suzuki Jimny Black Edition доби комплетно редизајниран преден браник со четириделни лед светла, како и нова масивна предна маска. Посебен детаљ е aero маска на капакот од моторот која му дава мускулест изглед на делот каде што порано немаше. Доби проширување на калниците кои ги прекриваат масивните off road гуми.

Suzuki Jimny доби додатоци и на кровот во вид на дополнителни лед светла и голем аеродинамичен спојлер.

Во секој случај, Suzuki Jimny со редизајнот доби нов агресивен и привлечен изглед.

Копирањето на содржината е забрането!