Потребни состојки:
1 помала главица кромид
2 тиквички
4 компири
3 пиперки
2 раце насечкана панцета
2 јајца
малку блитва или спанаќ
павлака за готвење
малку млеко и сирење
сол и зачини по желба
Начин на подготовка:
- Панцетата кратко пропржете ја во тава, а компирите сварете ги.
- Главицата кромид ситно насечкана наредете ја на дното на садот за печење кој претходно сте го премачкале со малку масло.
- Врз кромидот наредете тркалца од 2 компира, па врз него насецкана тиквичка.
- Преку тиквичката ставете блитва или спанаќ, потоа панцета, па пиперки.
- Следува повторно ред тиквичка, па врз неа преостанатите 2 компира. Додека ги редите состојките зачинувајте и посолувајте по желба.
- На последниот слој компири додајте малку сирење, па прелијте со половина чаша вода.
- Јајцата изматете ги со павлаката за готвење, сол и малку млеко, и прелијте преку целата содржина во садот.
- Печете во претходно загреана рерна на 180 степени или додека не добие убава златножолта боја.
На здравје!