Спорт

Мурињо се враќа во Интер?

Според италијанските медиуми, Жозе Мурињо пристигнал во Милано, каде што треба да има состанок со директорот на Интер, Бепе Марото. Се шпекулира дека ова е поврзано со можноста Мурињо да се врати на тренерската позиција во клубот со кој во 2010 година ја освои Лигата на шампиони, Серија А и Купот на Италија.

Оттогаш Мурињо ги водеше Реал Мадрид, Челзи и Манчестер Јунајтед, а од 18 декември е неангажиран откако доби отказ од Олд Трафорд.

На клупата на Интер, Мурињо беше во периодот од 2008-2010 и тој не ја крие љубовта кон овој клуб.

Актуелниот тренер на Интер Лучијано Спалети, е под голем притисок заради лошите покажани резултати, вклучително и резултатот што го постигнаа со Болоња која се бори за опстанок.

Слични написи

Дванаесет руски атлетичари се суспендирани поради допинг

Biba

Некомплетниот Вардар го победи Извиѓач

Biba

Веселин Вујовиќ и неговиот револуционерен план за спас на ракометот

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.