Сцена

Музички легенди што ќе влезат во Rock ‘N’ Roll Hall of Fame во 2019

Познати се седумте имиња на музички легенди кои во 2019 година ќе бидат внесени во Rock ‘N’ Roll Hall of Fame. Тоа се Def Leppard, Janet Jackson, The Cure, Stevie Nicks, Radiohead, Roxy Music и The Zombies.

Англиските рок групи Def Leppard и Roxy Music прв пат се номинирани за влез во Rock ‘N’ Roll Hall of Fame, додека The Cure, Radiohead, The Zombies и Janet Jackson за влез чекаа неколку години.

За потсетување, L.L.Cool J и Kraftwerk, иако по петти пат беа номинирани – не успеаја да се влезат во Куќата на славните.

Последната група на музички легенди впишани во Куќата на славните беа Nina Simone, The Cars, Bon Jovi, The Moody Blues и Dire Straits.

Триесет и четвртата церемонијата за впишување во Куќата на славни ќе се одржи на 29 март 2019 година во Баркли центарот во Бруклин, САД.

Def Leppard

Janet Jackson

The Cure

Stevie Nicks

Radiohead

Roxy Music

The Zombies

Слични написи

Мадона го одложи појавувањето на новиот албум за 2019 година

admin

Ријана ја претстави својата нова колекција на долна облека

admin

Мексиканката Ванеса Понце де Леон е новата Мис на светот

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.