Утрово во една од болниците во Сплит, по едногодишно боледување од рак, почина Оливер Драгојевиќ.
Имаше 71 година и беше великан на хрватската и балканска музичка сцена.
Роден на седми декември 1947 година во Сплит, детството го поминал на Корчула во местото Вела Лука.
Прв пат како пејач настапил на само 14 години. Две години подоцна ја почнал својата професионална музичка кариера како пејач и клавијатурист во групата „Батали“.
Во својата кариера настапувал насекаде низ светот и е добитник на многу светски и домашни награди.
Настапувал во Карнеги Хол, во лондонскиот Ројал Алберт Хол, париската Олимпија како и во Опера Хаус во Сиднеј, Австралија.