Музејот на Ферари ќе отвори изложба за Михаел Шумахер

Во чест на педесеттиот роденден на Михаел Шумахер, Ферари во својот музеј ќе отвори поставка за нивниот најтрофеен возач.

Поставката е замислена како прослава и знак на благодарност за Шумахер, кој за Ферари возеше од 1996 – 2006 година и во тој период освои пет титули на првак, а Ферари освои шест конструкторски титули додека Шумахер беше во нивниот тим.

Поставката ќе го носи називот Michael 50.

Легендарниот Михаел Шумахер на трети јануари ќе наполни педесет години.

Копирањето на содржината е забрането!