Еколошките норми кои се наметнаа насекаде низ светот, сериозно ги афектира производителите на луксузни и моќни автомобили. Поголемиот дел од автоиндустријата почна да се откажува од вградување на V8, V10 и V12 агрегати поради проблеми со исполнување на еколошките стандарди.
Нивните луксузни автомобили со моќни мотори ги заменуваат со комбинации на помал агрегат во хибридна верзија.
Откако Mercedes се откажа од својот V12 мотор, такво нешто се очекуваше и од конкурентот BMW.
Според изјавите на шефот на развој во BMW, нивниот V12 мотор кој се вградува во луксузната серија 7 ќе биде активен до 2023 година.
Моќноста на V12 која се вградува во моделот 760 Li е 585 ks со вртежен момент од 850Nm.
Oвој модел постигнува одлични продажни резултати низ светот, особено во Кина и на Блискиот Исток, па затоа во BMW велат дека сè уште им е исплатливо инвестирањето во тој агрегат.