Актерот Крис Хемсворт, кој во последниве години е познат како “Моќниот Тор”, по 12 години континуирано снимање филмови реши да се повлече од светот на филмот и да се посвети на своето семејство.
Во иднина, неговата сопруга Елса и трите деца Индија Роуз, Саша и Тристан, ќе му бидат на прво место.
Хемсворт нагласува дека последниот период бил пеколен за него и дека неговите деца почнале да му се лутат за тоа што е отсутен од нивниот живот. Вели дека тие се на возраст кога гледаат дека долго го нема и дека е важно за нивниот развој тој да биде присутен дома.