Спорт

Мохамед Салах по втор пат прогласен за најдобар африкански фудбалер

Напаѓачот на Ливерпул Мохамед Салах, по втор пат ја добива наградата за најдобар афикански фудбалер, која ја доделува Африканската фудбалска конфедерација.

Дваесет и шестгодишниот Салах ја освои наградата пред соиграчот од Ливерпул Садиа Мане и напаѓачот на Арсенал Пјер Емерик Обамејанг.

“Уште како дете ја посакував наградата, а сега ја добив дури два пати по ред”, скромно изјави Салах.

Наградата пак за најдобра африканска фудбалерка ја доби Кристина Темби Катлана од Јужна Африка.

Останатите наградени од Африканската фудбалска конфедерација се:

Ашрим Хаким кој игра за Борусија Дортмунд

Тренерот на Мароко Ерве Ренард

Најдобар тренер во женска конкуренција е Десире Елис од Јужна Африка

Eкипата на Мавританија е прогласена за најдобра машка екипа

Екипата на Нигерија за најдобрата женска екипа

Слични написи

И Владе Дивац влезе во Куќата на славните на НБА

Biba

Светски првак одби дупло поголема плата

admin

Вториот најбрз нокаут во историјата на UFC

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.