Според научниците, лошиот секс може да значи и лоша врска. Но добриот секс не гарантира и добра врска. Кај многу парови лошиот секс е одраз на проблемите што се акумулирале во нивната врска. Ако и само еден од партнерите има проблеми акумулирани подолг период, тоа ќе се рефлектира на сексот. Исто така, можно е еден од партнерите да не е искрен, не се жали и не може да се препушти на чувствата. Всушност, искреноста е предуслов за блискост, а одбивањето влијае на сексуалниот живот.
Од друга страна, пак, ако сексот е лош, тоа може да значи дека можеби еден од партнерите не разбира дека сексуалното задоволството на партнерот е важен фактор за одржување на врската. За жал, сè уште постојат и оние што мислат дека ако љубовта е вистинска, тогаш сексот е небитен. Сексот е битен за двата партнера и во никој случај не смеете да молчите за работи поврзани со него.
Лошиот секс открива дека некој во врската ги занемарува потребите на партнерот. Во добра врска и двата партнера се посветуваат на сексуалните потреби на другиот, а себичноста во креветот треба да е непознат збор.
Освен тоа, постои уште еден доказ за тезата дека лошиот секс значи и лоша врска. Ако партнерите не се синхронизирани во кревет, може да значи дека имаат различни интереси и различна перцепција за сексот. Некој сака да експериментира, а некој не сака ни да помисли на секс поразличен од мисионерска поза во темница. Разликите во желбите во кревет може да покажуваат дека треба да размислите дали сте еден за друг.
Доколку, пак, сте во врска која добро функционира, но некои работи не се баш како што треба во кревет, тогаш можеби станува збор за ситуации како на пример:
- сексуална невнимателност, каде што еден од партнерите знае да биде груб, не е многу вешт и запознаен со тајните на телото и желбите на другиот партнер
- полн мочен меур е ситуација која знае да биде незгодна поради притисокот што го прави, a се случува да го занемариме тоа. Едноставно – премногу пиво, вода или сокови пред секс – не одат заедно
- звуците знаат да бидат пречка кај некои парови, не можат да се опуштат кога нешто шкрипи, кога се испуштаат звуци од допирот на влажни испотени тела. Иако сето тоа е природно, некому му пречи. Но, и за тоа има решение. Едноставно сменете ја позицијата.
- лошиот здив е ситуација која се решава многу лесно – се оди во бањата и се мијат забите